Тестовите во Барселона како дел од подготовката на F1 тимовите се повеќе се збунувачки во однос на резултатите. И покрај различните цели поставени при тестирањата ( пол позиција, тест на гуми, аеро динамика…) сепак имаме резултати кои ги збунуваат и најголемите познавачи на овој спорт.
Ботас воодушеви со својот тест на супер меките гуми, кои ги користеше и второ пласираниот Хамилтон кој утрото постави најдобро време за кое се веруваше дека и така ќе остане. Од непознати причини во втората сесија Луис беше заменет со Розберг што ги иницира кулоарите одма да лансираат вест дека уште не почнато првенството, Мерцедес продолжува онаму каде застана во 2015 години во однос на недоразбирање на двата свои возачи.
Розберг попладнето постигна деветто време, што според познавачите на формула е разочарувачко и покрај тоа што симулираше трка. Рено и Ферари имаа задоволувачки ден.
Кевин Магнусен се пласира на третото мето, а она што е добар знак за навивачите на тимот од Маранело е дека Себастијан Фетел постигна четврто време, а беше единствениот што возеше на средно меки гуми кое се многу поспори од оние кои ги користеа и Рено и Мерцедес.
Дали денешниот тест го отрки третиот тим со големи перформанси кој во вчерашната изјава не го откри Нико Розберг, а го најави? Дали е тоа Вилијамс? Останува да се пратат и понатамошните тестови за да се причека на овој одговор.
А дали тестовите ќе го најават фаворитот? Дали првиот Гран При викенд во Австралија ( 18-20.03) ќе кажи кој е најдобриот? Во интерес на неизвесноста ( која ја нема во последните неколку години ) се надеваме дека фаворити нема да има до првата Европска трка во Русија ( 29.04-01.05).
Резултати:
1. Valteri Botas, Vilijams, 1:23.261 (108 кругови)
2. Luis Hamilton, Mercdes, 1:23.622 (73)
3. Kevin magnusen, Reno, 1:23.933 (126)
4. Sebastijan Fetel, Ferari, 1:24.611 (151 )
5. Dženson Baton, Meklaren, 1:25.183 (121)
6. Danijel Rikardo, Red Bul, 1:25.235 (135 )
7. Karlos Sajnc, Toro Roso, 1:25.300 (166 )
8. Serhio Perez, Fors Indija, 1:25.593 (128 )
9. Niko Rozberg, Mercedes, 1:26.298 (91)
10. Paskal Verlajn, Manor, 1:27.064 (79)
11. Markus Erikson, Zauber, 1:27.487 (55)
12. Esteban Gutjerez, Has, без време (1 )
OhridNews











