Членовите во Ферари се фасцинирани од германскиот пилот Себастија Фетел, кој годинава го засили италијански тим од редовите на Ред Бул.
Манирите, внимателноста и посветеноста на Германецот неодолива во Скудерија ги потсетува на Михаел Шумахер, кој освои пет титули во Ферари.
– Бев тука кога и Шумахер беше дел од Ферари и морам да признам кога и да погледнам Фетел како двојникот на Шумахер да го гледам. Кога викаме дека личи на Шумахер сите во тимот се надеваме дека ќе има и резултати како него – коментира еден од главните механичари во Ферари.
Фетел до сега има освоено четири титули со тимот на Ред Бул, а во билот на Ферари ќе атакува на јубилејната петта.
Мх.П.