Од 18- ти февруари до 22- ри февруари ќе се прикажува анимираниот цртан филм “Гумениот Тарзан” – синхронизиран на македонски јазик, наменет за најмладите. Почеток на проекциите е во 18 часот, влез 100 денари.
На кино репертоарот на Центарот за култура овој месец, од 26-ти февруари до 1- ви март ќе се прикажува шведскиот филм “Девојката со тетоважа на змеј”.Почеток на проекциите во 20 часот.
Од Центарот за култура ја најавуваат и театарската претстава „Ако се факаш“ која ќе се реализира во соработка со Драмското студио „Солза и Смеа“ .Охридската публика оваа претстава може да ја проследи на 15- ти февруари во 20 часот.