
Момчето е уапсено во сабота и е приведено на сослушување во бирото на тајната служба DGSI во близината на француската престолнина Париз.
Според изворот запознаен со истрагата, бил во контакт преку криптираните пораки со една од членките на ќелијата која е разбиена претходно оваа седмица, а која се подготвувала да изведе нов терористички напад во Париз.
Париското обвинителство смета дека со овие жени командувале џихадистите на Исламска држава од Сирија.
Пред една седмица во центарот на Париз е откриен е автомобил бомба со плински боци без детонатор, по што беа приведени неколку лица меѓу кои три жени за кои се смета дека се терористичка ќелија на радикализирани. За сега обвинителен акт е подигнат против само една жена чиишто отпечатоците од прсти се најдени во возилото.
OhridNews
извор: „,Макфакс“











