Денес на Факултетот за туризам и угостителство  во Охрид се изврши промоција на 108 нови дипломирани студенти и двајца магистри.

На промоцијата пред присутните се обрати деканот на ФТУ, проф. Д-р Цветко Андреески кој на дипломираните студенти им порача успех во понатамошното градење на кариерата.

Посебно беше промовиран најдобриот студент од генерацијата, Радмила Матеска од студиската програма туризам која има просечна оценка од 9.97. Најдобриот студент од ФТУ беше промовиран и на Универзитетската промоција на најдобри студенти во Битола.

OhridNews