Во библиотеката на Факултетот за туризам и угостителство започна со работа американско катче во кое може да се најде странска литература од американски автори од наставните области  туризам и угостителство.

Како што објаснуваат професор д- р Ирина Петровска и Проф. Д- р Иванка Несторовска, американското катче е дел од едногодишниот проект дониран од Американската амбасада во РМ, чија реализација заврши денес со отварање на американското катче.

Целта на проектот е воведување на американски културни студии во наставата по туризам и угостителство за што организиравме еден семинар во хотел Бистра – Маврово, каде беше одржана обука од страна на американски предавачи за нашите професори и асистенти , вели професорката Петровска.

Литературата во рамки на американското катче ќе биде достапна за сите, пред се за студентите на ФТУ, но и за останатите кои се заинтересирани и кои ќе имаат пристап до web data база за извори од пишувани книги и трудови.

OhridNews