Утре, 19-ти декември, вторник, во црквата Св. Никола Геракомија–Варош, со почеток во 8.45 часот ќе се служи Света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. Николај Мирликиски Чудотворец“. Ќе чиноначалстува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г.Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на празникот.
OhridNews












