Германското обвинителство соопшти дека биле уапсени 12 Сиријци под сомневање дека се обиделе да го убијат својот 19-годишен сонародник нанесувајќи му тешки телесни повреди со нож пред два месеца.
Обвинителството на градот Есен наведува дека нападот очигледно бил предизвикан поради врската на тинејџер со 19-годишна Сиријка мажена за еден од осомничените, објави АП.
Тројца осомничени беа уапсени во мај, шестмина беа уапсени вчера, а тројца сами ѝ се предадоа на полицијата.