Според полицијата тие ги засолнувале мигрантите и им наплатувале по 10 евра од ден, за потребите на меѓународни организирани криминални групи кои вршат криумчарење мигрнати од Грција преку Македонија и Србија кон земјите на ЕУ.
„Мигрантите од страна на сопствениците на објектите биле прифаќани во зависност од потребата и договорот, односно или биле илегално префрлани преку државната граница или биле засолнувани одреден временски период, а за истото им било наплатувано по 10 евра од ден, со што жиетлите на Лојане вклучени во овој криминал се стекнувале со значителна противправна имотна корист“, велат од МВР.
Извршени се претреси во десет објекти, во шест се пронајдени мигранти, а во објектите каде што немало мигранти пронајдени се простории за сместување и престој на лица.Пронајдени се две ловни пушки и два гасни пиштола, за што ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случаите како и откривање на други лица инволвирани во овој вид на криминална активност.
Makfaks