Синоќа во организирана полициска акција на охридската полиција во близина на струшкото село Мислешево запленети се над 150 килограми марихуана, дознава OhridNews.

Станува збор за поголема организирана група, а во акцијата се привдени неколку лица.

Повеќе информации околу акцијата се најавуваат во текот на денот.

OhridNews