Денеска во објектот „Росица“ при ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Охрид се одржа завршниот дел од проектот „Заедно растеме, се дружиме и учиме за различностите и сличностите за нашата традиција и обичаи“.
Во рамките на настанот беше организирана приредба со дечињата од сите етникуми кои се згрижени во овој објeкт.
„Се слушаше песна, на сите јазици и се презентираа дел од обичаите кои се карактеристични за денот Летник, што според стари кажувања значело почеток на новата година или крај на зимата и почеток на летото. Се верувало дека мартинките симболизираат среќен живот и здравје заштита од штетници (змии, болви, шумски ѕверови). Полната трпеза – значи богатство на трпезата преку целата година. Пченката е симбол на животот, дренот значи да бидеме здрави како дрен.“ – велат од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.
Инаку, на настанот присуствуваа градоначалникот Бакрачески, претставници на локалната самоуправа, директори на образовните институции од Охрид, како и родители и гости од градинката во Струга.
OhridNews