Владата усвои низа законски измени со кои ќе се влијае врз подобрувањето на условите за  лицата со инвалидност и нивни непречен пристап до сите деловни објекти и до сите станбени згради.

Предвидено е, сите објекти да имаат пристапни рампи за инвалиди, лифтовите да бидат прилагодени за пристап на телесни инвалиди и за слепи лица. Се планираат и тактилни патеки  за слепите лица, при градење нови или реконструкција на постоечките пешачки патеки во градските паркови, а ќе се воведе и задолжителна звучна сигнализација на семафорите.

– Во Законот за градба направена е и измена според која секој десетти стан мора да биде така изграден и адптиран со пристап за лицата инвалиди. Тоа треба точно да се опише во подзаконските акти, точно да се опише како ќе изгледаат лифтовите со брајова азбука, со звучна сигнализација, значи за сите оние мерки кои ги донесовме како Влада. Дијалогот ќе продолжи за да ги изготвиме сите акти и очекувам дека по влегување во сила на Законот за градење пред се, веднаш да бидат донесени и подзаконските акти  за да можат сите овие мерки да бидат во функција, со цел да се олесни животот на оваа група на граѓани“, информира министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.  

OhridNews