Вкупно 18 полициски службеници биле повредни во инцидентот на граничната кота 59 на јужната граница, кој се случил денеска околу 13.30 часот, кога мигрантите кои се наоѓале на грчката страна го нарушиле јавниот ред и мир.

-Мигрантите почнале да фрлаат со камења кон полициските службеници со цел пробивање на полицискиот кордон и влез на македонска страна. Повредени се 18 полициски службеници, од кои двајца со потешки телесни повреди во пределот на главата и еден од нив со потрес на мозок. Сите се хоспитализирани во медицинскиот центар во Гевгелија. Демолирани се и неколку полициски и армиски возила и штитови, информираше МВР.

Оттаму објаснуваат дека состојбата на граничниот премин во моментов е нормализирана.

OhridNews

Македонската армија поставува ограда на границата со Грција