Поголемо нарушување на јавниот ред и мир се случило попладнево на ул. „Даме Груев“ во Охрид. Интервенирала полицијата при што од страна на инволвирани во инцидентот биле нападнати службените лица. Полицајците го одбиле нападот и нема повредени, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Полицијата работи на расветлување на инцидентот.
OhridNews