Како што информираат од СВР- Охрид синоќа околу 21 часот и 30 минути, во Струга, дошло до нарушување на јавниот ред и мир, во кое учествувале најмалку четири лица.

На паркинг просторот кај женска плажа во Струга, најнапред настанала вербална расправија која за кратко време прераснала во физичка пресметка во која било употребено огнено оружје -пиштол. Притоа, лицата М.Н.(35 ) од Струга и В.Т. (31 ) од струшкото село Калишта, се здобиле со прострелни рани во пределот на долните екстремитети, додека  Д.К. (28) од Струга се здобил со убодни рани во пределот на стомакот. Истите, се пренесени во Општата болница во Струга, каде им се извршени неопходни медицински интервенции и се наоѓаат надвор од животна опасност.

На лице место, извршен е криминалистичко-технички увид во присуство на истражен судија и основен јавен обвинител. Во текот на увидот, пронајдено е огненото оружје-пиштол, еден модификуван гасен пиштол со кој се нанесени телесни повреди, како и повеќе други предмети корисни за натамошниот тек на истрагата.

Полициската станица од Струга, презема интензивни мерки за пронаоѓање на сите учесници во нарушувањето и целосно расчистување на настанот.  

OhridNews