Охрид се гради и менува. Поради модернизацијата и урбанизацијата, во градот повеќе нема некои препознатливи белези, а некои места добиваат сосема друга намена.

Едно од нив е поранешната касарна „Генерал Михајло Апостолски“ каде се пробива нова сообраќајница од улицата „Кленоец“ до населбата „Радојца Новичиќ“.

За потребите на изградбата деновиве беше урната капијата на влезот во касарната, со што изгледот на овој простор целосно се промени.

 

Проектот предвидува  изградба на улица со тротоари, која ќе добие и нова сигнализација и осветлување.

Просторот кај поранешната касарна кој државата го отстапи на општината е актуелен повеќе од една деценија. Една од идеите беше тука да се гради образовен кампус каде ќе функционираат повеќе училишта и факултети, а ова место беше поврзувано и со дислокација на СВР Охрид и Противпожарната служба.

Г.М.