Вечерва со почеток во 21 часот и 30 минути, во предворјето на црквата Света Софија ќе биде прикажан мјузиклот “Коштана”, на кој ќе бидат изведени песните од најновиот проект на Силвија и Влатко Плевнеш. Станува збор за музика од претставата „Коштана“, во која Силви го портретира главниот лик за кој и беше прогласена за најдобра Коштана на Балканот.

Публиката ќе може да ужива во богатиот фолклор, народни носии и музика, во изведба на 40- те учесници во мјузиклот. 


ЦД- то ‘Песни за Коштана” од Силви бенд, содржи има 16 песни, а една содржи реплики од главниот лик во претставата, Митке, кој го игра актерот Илија Струмениковски.

OhridNews