Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на цените на земјоделските производи на зелените пазари во јануари 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај компирите, гравот, краставиците и лимоните. Најголемо намалување на цените е забележано кај лукот и зелката.

Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во јануари 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај компирите, гравот, морковот, кикиритките во зрно и лимоните. Најголемо намалување се забележува кај лукот, зелката и јаболката.

OhridNews