Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2012 година изнесува 33 748, а бројот на ноќевањата 71 043.

Бројот на туристите во јануари 2012 година, во однос на јануари 2011 година, бележи зголемување за 20.1%, а бројот на  ноќевањата за 22.4%.

Според добиените податоци, во јануари 2012 година, во однос на јануари 2011 година, бројот на евидентирани домашни гости бележи зголемување за 12.9%, а бројот на странските туристи за 27.3%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2012 година, во однос на јануари 2011 година, е зголемен за 17.4%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 28.2%.

Зголемување има и кај бројот на туристите во јануари 2012 година, во однос на претходниот месец, како кај домашните, така и кај странските туристи.

OhridNews