Иницијатор Крија јогата да се промовира во Охрид е охриѓанката Нада Штајнман, до предизвесно време уредник и новинар во Дојче веле на македонски јазик.
– Крија Јогата е прастара наука за медитација и за подобар начин на живеење, подеднакво ги култивира телото, духот и интелектот и свесноста за душата, користејќи интензивни вежби по јога и медитација. Таа ни помага преку различни техники на концентрација , позиции на телото и вежби на дишење да ги осознаеме трите темелни Божји квалитети : Светлина,Вибрација и Звук Така може да се пронике до сопствените најдлабоки нивоа на свесноста и да си го промениме животот објаснува Нада Штајнман, која започнала да практицира крија јога додека живеела во Германија.
Таа додава дека нејзина желба била прва, со своите пријателки од Холандија да ја доне Крија Јогата во Македонија.
– Коцките се наместија и првата иницијална презентација јогаџаријата Клаудија Кремерс ќе ја одржи во мојот роден Охрид,а потоа се селиме во Скопје, открива Штајнман.
Заинтересираните во Скопје ќе имаат можност да се запознаат со Крија јогата од петок до недела.