Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2011, продажните цени на индустриските производи на домашниот пазар се пониски за 1.0% на месечно ниво, а се повисоки за 9.5% на годишно ниво.Во јули 2011, во споредба со јуни 2011, продажните цените на индустриските производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 2.4% и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0.4%.
Во јули 2011, во споредба со јули 2010, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 13.6%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.9%, Трајни производи за широка потрошувачка за 4.2% и Капитални производи за 1.8%.











