Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во јуни 2012, во споредба со истиот месец од 2011 година, се забележува кај црвените домати, краставиците и јагодите. Најголемо намалување на цените е забележано кај лукот, дињите, јаболката и портокалите.

Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во јуни 2012, во споредба со истиот месец од 2011 година, се забележува кај црвените домати, зелката, краставиците, тиквичките и јагодите. Најголемо намалување имало на цената на кромидот, лукот и јаболката.

OhridNews