Според податоците на Државниот завод за статистика, во Охрид во месец јуни издадени биле 12 одобренија за градба, сите на физички лица, а планираната вредноста на објектите се проценува на 116 милиони денари. Во општина Струга во истиот период издедени се 11 одобренија за градба, 10 на физички и едно на правно лице, а вредноста на објектите кои треба да се изградат се проценува на 103 милиони денари.

Во јуни 2011 година во земјава се издадени 228 одобренија за градба, што е за 9.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 280 164 илјади денари, што е за 52.1% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 184 (80.7%) се наменети за објекти од високоградба, 15 (6.6%) за објекти од нискоградба и 29 (12.7%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 228 објекти, кај 189 (82.9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 39 објекти (17.1%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 615 станови, со вкупна корисна површина од 48 394 м2.

OhridNews