Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека на 7-ми  март, петок, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, ќе се служи првиот „Акатист на Пресвета Богородица“, со почеток во 16 часот, на кој ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Акатист ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

На 8 март, сабота, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. свештеномаченик Теодот епископ Киринејски“ – (Тодорова сабота), со почеток во 8.15 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

OhridNews