Во текот на вчерашниот ден во просториите на КИЦ “Култура365” беше одржан комеморативен настан по повод 28 години од смртта на познатиот холандски писател А.Ден Доолаард.
Настанот беше од отворен карактер за сите домашни и странски посетители. Во текот на вечерта се разговараше за ликот и делото на писателот и неговиот придонес за туризмот во Македонија.
Домаќинот на овај настан, Крсте Пурцов, истакна дека е ова веќе трета година како се организира ваков настан, на кој полека станува традиција секоја година да присуствуваат се повеќе гости.
На настанот покрај домашните и посетителите од Холандија присуствуваа и гости од Канада, Англија, Германија, Турција, Шпанија, Белгија и Чиле. Со него почнуваат низа настани од културно информативен карактер како и промоции на различни домашни и странски автори. Исто така, Музејот на А.Ден Долард почнува да работи и со закажани посети во текот на целото лето.
OhridNews














