Книгата за нудизмот во Источна Германија пред падот на Берлинскиот зид, авторот Томас Купферман ја промовирал со читање без облека. Источните германци пред рушењето на берлинскиот зид биле познати како пасионирани нудисти.


Купферман сега тие сеќавања ги овековечи во книгата „Sommer, Sonne, Nackedeis. FKK in der DDR“. Преплната книжара во северо-источна Германија била заштитена со чувари како минувачите не би ги гледале голите посетители. Сопственикот на книжарата Хелмут Мас им рекол на посетителите да облечат топли капути поради ладното време, но дека под нив несмеат да имаат ништо.