На кружниот тек кај ЕМУЦ, постојат сообраќајни знаци спротивни еден на друг. Пред кружното, сообраќајниот знак јасно го покажува правецот на движење, но кога ќе стигнете до крстосницата ќе ве “збуни“ знакот за работа на пат кој покажува задолжителен правец на движење во спротивна насока, од претходниот знак. За среќа возачите го игнорираат овој знак, но не би требало и сообраќајните инжененери и полицијата.


OhridNews
фото: Горан Ангелески