Идната година ќе биде отворен Конфучиј институт во Скопје, каде се предвидени активности за изучување на кинескиот јазик. Во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ќе се врши поголемо анимирање на граѓаните и запознавање со кинеската култура.

Ова меѓудругото, беше споменато на неодамнешната средба на Министерот за образование и наука Панче Кралев со амбасадорот на НР Кина во земјава. Исто така, потенцирано беше дека изминативе неколку години, граѓаните пројавуваат интерес за изучување на кинескиот јазик. До сега,  колу 30-тина граѓани заминале во Кина, со цел подобрување на јазичните способности.
Инаку, кинеската Влада за оваа учебна година додели 4 стипендии за додипломските, магистерските и специјалистичките студии на државните универзитети.
OhridNews