Денеска ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата (над 20 l/m²). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Максималната температура во Охрид ќе достигне до 5 степени.
Г.М.












