Облачно време со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и источните делови каде ќе дува умерен југоисточен ветер, ќе имаме денеска во Македонија. Локално се очекуваат и над 40л/м2 наврнат воден талог. На повисоките планини повремено со слаб снег.

Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 8 степени Целзиусови, информираат од УХМР Македонија.

Облачно со повремени врнежи од дожд ќе биде и во четврток и петок, а разведрување на времето се очекува во сабота.

OhridNews