СВР Охрид поднесе кривична пријава против  29- годишно лице од Куратица за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а заедно со уште две лица од Струга и за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При извршен претрес во домот на пријавениот на 25- ти јануари , во селото Куратица, пронајдени биле околу 4 грама марихуана, а во неговото патничко возило бил пронајден и пиштол „чешка зброевка“ кал.7,65 мм, кој со дозвола го поседувал татко на едно од лицата од Струга.

OhridNews