Во организација на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид на 6-ти септември, петок, во 20 часот во Галеријата во Куќата на Робевци ќе биде отворена изложбата „ Звуците на длетото “ – современи охридски резбари.
На изложбата ќе бидат презентирани дела од 12 резбари од Охрид претставници од различни генерации кои ја продолжуваат традицијата на Охридската резбарска школа. Уметничките резби на охридските мајстори ќе бидат изложени до 19-ти септември.
OhridNews