Во Лагадин денес ќе биде одбележан празникот посветен на великомаченичките Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж
30.09.25 09:16
По повод празникот посветен на великомаченичките Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж денес во истоимената црквичка во населбата Лагадин крај Охрид, ќе се одржи традиционалниот црковно – народен собир. Богослужбата по повод празникот ќе започне во 13 часот.
Црквата во Лагадин ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од христијанството. Оттогаш секоја година на овој ден се организира заедничка прослава на именденот на сите охриѓани кои ги носат имињата на маченичките.
Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни души беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа.
Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отсечени главите. Софија ги зеде и ги закопа телата на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот гроб, го предаде својот дух на Бога.
Репрезентација на Србија го направи најголемото изненадување во 2 коло од Европското првенство во ракомет што се игра во Данска, Норвешка и Шведска Во интересен и неизвесен натпревар, Србија со п...
ГРК Охрид ја совлада екипата на Динамо Панчево 20:27, во полуфиналниот натпревар од 5тото издание на Турнирот “Вук Рогановиќ”, што се одигра вечерва во Белград Иванковиќ беше најефикас...
Во билтенот на СВР Охрид пријава за нападнат малолетник, брзо возење, одземени пари од обложувалница, пронајдена дрога, кривична за телесна повреда На 16012026 година во 18:25 часот, во СВР Охрид е...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.