Во Лагадин денес ќе биде одбележан празникот посветен на великомаченичките Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж
30.09.25 09:16
По повод празникот посветен на великомаченичките Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж денес во истоимената црквичка во населбата Лагадин крај Охрид, ќе се одржи традиционалниот црковно – народен собир. Богослужбата по повод празникот ќе започне во 13 часот.
Црквата во Лагадин ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од христијанството. Оттогаш секоја година на овој ден се организира заедничка прослава на именденот на сите охриѓани кои ги носат имињата на маченичките.
Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни души беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа.
Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отсечени главите. Софија ги зеде и ги закопа телата на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот гроб, го предаде својот дух на Бога.
Свети Лав им беше добар пастир и милосрден наставник на луѓето во градот Катана под вулканската планина Етна Многу се погрижи околу болните и сиромашните Неговата ревност за верата беше исто толку ...
Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 08:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улиците: „АСНОМ“, „Никола Карев“, „Галичица“, „Карпош Војвода“ и бул„Туристичка...
Претежно облачно со слаб локален дожд низ целата земја и со услови за појава на ретки грмежи Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.