Во Лагадин денес ќе биде одбележан празникот посветен на великомаченичките Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж
30.09.25 09:16
По повод празникот посветен на великомаченичките Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж денес во истоимената црквичка во населбата Лагадин крај Охрид, ќе се одржи традиционалниот црковно – народен собир. Богослужбата по повод празникот ќе започне во 13 часот.
Црквата во Лагадин ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од христијанството. Оттогаш секоја година на овој ден се организира заедничка прослава на именденот на сите охриѓани кои ги носат имињата на маченичките.
Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни души беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа.
Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отсечени главите. Софија ги зеде и ги закопа телата на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот гроб, го предаде својот дух на Бога.
По кратко боледување во 63-та година од животот денеска почина познатиот охридски бизнисмен Бошко Илоски познат како Бошко Ремис Илоски е роден на 23 јануари 1963 година Долги години успешно се зан...
Во тек е поставување електричен кабел и водоводна цевка до храмот „Света Петка“ во Дебрца, со што треба да се обезбеди негово снабдување со струја и вода, соопшти градоначалникот Златко Сиљаноски С...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова им го честиташе 22 Ноември – Денот на албанската азбука на граѓаните Албанци, со порака дека заедничка должност е да се гради општество во кое различности...