Во Лагадин традиционално ќе се одбележи празникот на маченичките Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж
30.09.24 09:09
По повод празникот посветен на великомаченичките Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж денес во истоимената црквичка во населбата Лагадин крај Охрид, ќе се одржи традиционалниот црковно – народен собир. Богослужбата по повод празникот, ќе започне во 13 часот.
Црквата во Лагадин ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од христијанството. Оттогаш секоја година на овој ден се организира заедничка прослава на именденот на сите охриѓани кои ги носат имињата на маченичките.
Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни души беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа.
Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отсечени главите. Софија ги зеде и ги закопа телата на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот гроб, го предаде својот дух на Бога.
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 септември и Светата православна црква денеска го одбележува споменот на Преподобна Теодора Александриска Житие за Преподобна Теодора Ал...
Сончево со мала до умерена локална облачност Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност Максимал...
Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира самовработените лица кои данокот на личен доход го плаќаат врз основа на паушално утврден нето-доход дека во изминатиот период спроведе активности на ге...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.