Како што објаснува градоначалникот Александар Петрески, станува збор за инвестиција вредна над 20 милиони евра од страна на Македонец, кој долги години живее и работи во Австралија.
–Веќе подолг период со инвеститорот разговараме и преговараме за оваа идеја. Ќе се инвестира на голема површина од неколку хектари, меѓу Горно и Долно Лакочереј, каде според урбанистичкиот план е предвидено да се изградат над сто куќи, како и Дом за стари луѓе и мал хотел. Идејата е објектите да бидат наменети за нашите повратници од странство, за печалбарите кои живеат долго време надвор од Македонија и немаат свој имот во родната земја, изјави Петрески.
Петрески додаде дека од страна на локалната самоуправа ќе се овозможи инвестицијата што поскоро да биде реализирана, особено кога станува збор за изградбата на хотелот и Домот за стари лица.Истиот инвеститор, како што објаснува градоначалникот, бил заинтересиран и за изградба на долго најавуваниот Дом за стари лица во Далјан.
Според градоначалникот , двата дома за стари лица се очекува да бидат изградени пред почетокот на летната сезона.