Денеска од 20:30 часот во летната бавча при Центарот за култура „Григор Прлилев“-Охрид, ќе бидат прикажани последните три филмови од циклусот „Денови на македонскиот документарен филм“, во организација на Филмскиот фонд на Република Македонија.

На програмата се „Нашите во Стамбол“ во режија на Елизабета Конеска во времетраење од 30 минути, „Далеку од дома“ на Чедо Поповски во времетраење од 45 минути и „Луѓе без земја“ на режисерот Марко Ѓоковиќ.

Влезот е слободен.

OhridNews