
– Факт е дека во летниот период во Охрид стапката на криминалитет во просек расте за околу 20% што секако е резултат на поголемиот број луѓе присутни на ова подрачје. Но, добро е што најголем дел од прекршувањата на законите се расчистуваат, што е добра порака за граѓаните и туристите, потенцира Јанкулоска.
Таа додаде дека последните статистички податоци споредени со оние од минатите години се охрабрувачки.

– Ефикасноста е поголема , а бројот на регистрирани кривични дела е помал што зборува за добра реорганизација на полицијата која дава резултати, рече министерката.
Денешната посета на Јанкулоска на СВР- Охрид е во рамки на активностите на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР – “отворени денови“ – на полициските станици за граѓаните.
Освен што оствари средба со челните луѓе на СВР- Охрид, минстерката денес имаше можност да ги слушне прашањата и критиките на граѓаните, кои како што потенцира Јанкулоска, секогаш се добредојдени.

– Кога обемот на работа е голем може да се случат пропусти, но тука сме да ги сослушаме граѓаните и да направиме се пропустите да ги корегираме и во иднина да ги има колку е можно помалку. Тука сме поради граѓаните, како сервис до кој може да се обратат за сите нивни проблеми и потреби, нагласи министерката Јанкулоска.











