Раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски, Филип Јованоски и Виолета Стаматоска- се најсреќните во локалната самоуправа кои ги најдоа трите парички на традиционалниот заеднички доручек кој по повод Василица секоја година се организира во охридската локална самоуправа.

Тие се и новите кумови кои ќе се погрижат традицијата да продолжи и наредната година и на овој ден да го организираат одржувањето на обичајот.

OhridNews