Со натпреварите помеѓу Атлетико – Јувентус во Мадрид и Шалке – Манчестер Сити во Гелзенкирхен ќе се комплетира првата етапа од осминафиналата фаза во Лигата на Шампиони.

Фудбалерите на Јувентус го добија најнезгодниот ривал од вториот шешир во ждрепката. Атлетико Мадрид е екипа што игра на резултат и знае што сака, додека Јувентус и оваа сезона има големи амбиции и се освен пласман во 1/4 финалето ќе биде големо разочарување.

На „Велтинс“ арената, Манчестер Сити е голем фаворит, но никој не смее да ги отпишува германците пред да започне натпреварот. Шалке е непрепознатлив во Бундес лигата, но климата во ЛШ му одговара. „Граѓаните“ ја имаат кренато формата последниов период и ќе биде интересно да се проследи првиот меч кој ќе се одигра во Германија.

Натпреварите стандардно започнуваат во 21 часот.

OhridNews