Фудбалската Федерација на Полска потврди дека на 26. мај,  Полска и Македонија ќе одиграат пријателски натпревар кој се реализира на понуда на полската федерација.

Натпреварот ќе се одигра во Германија, а  местото и терминот дополнително ќе бидат потврдени.

Досега Македонија и Полска имаат одиграно само еден натпревар и тоа пријателски на „Трофеј Марјан“ кој заврши со победа од 3-0 за полјаците.

ohridnews