Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2013 година изнесува 67. 588, што претставува зголемување од 11,2% споредено со истиот месец минатата година.

Бројот на домашните туристи во мај 2013 година, во однос на мај 2012 година, е намален за 3.0%, а бројот на странските туристи е зголемен за 20.1%.

Во периодот јануари- мај 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5.7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.0%, а кај странските има зголемување за 10.2%.

Ohridnews