Несакајќи и несреќно, Македонија на Европското првенство во Србија дојде до моментот, каде нема калкулации, нема право на поправен а има само еден избор, победа над Чешка во последниот натпревар од Групата Б.
Тоа што ни избега од раце на дуелите со Шведска и Германија, Лазаров, Мојсоски и другарите треба да го “зграпчат“ со чесите. Пред почетокот на Европското сите најавуваа дека мечот со Чешка ќе биде пресуден. И погодија. Избраниците на Шундовски во 20:15 часот, ќе се борат за победа која ќе ни обезбеди пласман во втората фаза на ЕП или во најлош случај ги пакуваат куферите. На помош репрезентативците ќе ја имаат “фалангата“ која не се дели од насловните страни на сите странски и домашни медиуми.
Со триумф на Шведска над Германија, а Македонија да извојува победа со Чешка, “црвено жолтите“ во вторите групи ќе пренесат три бодови. Но “веселата математиката“ ја оставаме за друга прилика, неопходно е да ја совладаме Чешка, за да се преселиме во Белград, каде ќе отпатува целиот европски крем во ракометот.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com