
Од земјите во регионот пред Македонија се Хрватска на 57 место, Турција на 53, Словенија на 43 место. Македонија го дели 67- то место со Црна Гора.
Повеќе корупција во регионот отколку во Македонија има во БиХ и Србија коишто ја делат 72. позиција, Бугарија е 77, Грција 80, Косово 111, а Албанија е на 116 место.
Од рангираните 177 држави, најмалку корупција има во Данска, Нов Зеланд и Финска, а најкорумпирани се Авганистан, Северна Кореја и Сомалија.
Транспаренси интеренешел констатира дека корупцијата останува сериозен проблем во светот. Апелира да бидат преземени глобални мерки против неа и појавите што ја поттикнуваат како што се перењето пари, нелегалното политичко финансирање и нетранспарентно работење на државните институции.
Индексот за перцепцијата на корупцијата се мери со скала од 0 до 100, а најмногу поени добиваат земјите каде што корупција е најмалку застапена, додека 0 добиваат најкорумпираните.
OhridNews
извор:Макфакс












