
Од Институтот за јавно здравје информираа дека имаат обезбедено доволен број тестови за дијагностика на пациенти сомнителни за западно-нилска треска и дека годинава се испитани материјали од 25 сомнителни лица, а сите резултатите се негативни.
Остануваат на сила препораките за преземање превентивни мерки за заштита од вектор-преносливи болести, кои се пренесуваат преку комарци.
Да се постават заштитни мрежи на врати и прозорци, да се отстрани застоена вода од дворови, редовно чистење на олуците за да се овозможи истекување на водата, употреба на средства за заштита од каснување комарци.
Најчесто болеста поминува полесно без симптоми, а кај оние кај кои ќе се јават симптоми, истите се слични на грип, како што се покачена температура, изнемоштеност, болки по телото, може да се јават и гадење, повраќање и испип по телото.
Овие симптоми може да бидат резултат и на други респираторни заболувања и доколку почувствувате дел од овие симптоми, а сте каснат од комарец, пожелно е да се консултирате со матичниот лекар, советуваат од Институтот за јавно здравје.
извор:„Макфакс“












