Во пресрет на утрешниот 30 април (недела), како особено важен и светол ден за Православието, во демирхисарско Слепче, во манастирот Св. Јован Претеча, ќе се изврши канонизација ( прогласување) на Св. Кипријан Слепченски за светител. Со службата ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на останатите Митрополити и Епископи на МПЦ – ОА како и Архимандрити, чесното свештенсатво и ѓаконство на помесната Црква.

Одлуката на Светиот Архиерејски Синод со која Св. Кипријан Слепченски се запишува во списокот на светите ќе биде соопштена во текот на Светата Литургија која ќе започне околу 09 часот. Сите посетители ќе имаат можност да се поклонат на иконата на Св. Кипријан, миропомазување и да добијат икона од светителот.

Да потсетиме, канонизацијата на Св. Кипријан кој на 30 април 1780 година маченички пострада за Православната вера е првата свечена активност, во програмата за одбележување на 50 години од возобновувањето на Автоќефалноста на МПЦ-ОА.

OhridNews