Бројот на туристите во март 2012 година, во однос на март 2011 година, е зголемен за 0.4%, а бројот на ноќевањата е намален за 3.2%.
Бројот на домашните туристи во март 2012 година, во однос на март 2011 година, е зголемен за 2.5%, а бројот на странските туристи е намален за 1.0%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2012 година, во однос на март 2011 година, е зголемен за 2.4%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 7.4%.
Во периодот јануари-март 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2.5% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.5%, а кај странските има зголемување за 5.7%.
Во периодот јануари-март 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 0.2% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.7%, а кај странските има зголемување за 2.0%.