Мексикански нарко картел остана покус за 206 милиони американски долари, во алцијата на полицијата во куќа во елитен кварт во Мексико Сити во која биле  уапсила седум лица за кои постои сомневање дека шверцувале хемикалии потребни за подготвување таблетки метамфетамин.

Покрај парите, во куќата полицијата пронашла шест скапи автомобили Мерцедес, две други возила, седум пиштоли и опрема потребна за изработка на таблетки метамфетамин.
Според извештаите на Државното обвинителство, членовите на тој нарко картел своите операции ги извршувале наводно за легална фармацевтска компанија, а хемикалиите потребни за изработка на метамфетамин криминалците ги увезувале од Индија.

Акцијата на мексиканската полиција се смета за прв голем успех во борбата против мексиканските нарко картели, која претседателот Фелипе Калдерон ја почна откако во декември ја презеде функцијата.