Туристичката понуда во Охрид и околината ќе се подига и со четири мини винарии кои ќе се градат во селото Мешеишта, најави денес заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски. Тој додаде дека изградбата на мини винариите е опфатена со програмата на Владата, а освен тоа што тие ќе претставуваат нова атракција, ќе придонесат и за нови вработувања.
– Тоа ќе значи околу стотина нови вработувања, затоа што оние кои ќе инвестираат во винариите кажаа дека во секоја од нив ќе вработаат по 25 лица, рече Коњановски.
Локациите за изградба на винариите биле продадени пред неколку дена. Станува збор за парцели од околу 25 илјади метри квадратни, со градежна маркица од околу 7 до 8 илјади метри квадратни.
Четири бронзени медали и една пофалница за тимот од Македонија на 7 Балканска олимпијада по физика што се одржа во Охрид Во конкуренција на 62 учесници од 16 држави од Балканот и пошироко, тимот од...
Прекин во водоснабдувањето ќе има кај корисниците на улиците „Славеј Планина“, дел од Бул„Туристичка“ и дел од „Јане Сандански“, најавуваат од ЈП Водовод Охрид Поради интервенција на водоводната мр...
Од денес до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на дено...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.